159 сообраќајни прекршоци во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 159 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за непрописно престројување, пет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачаа од МВР.

27.05.2023 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега