12- годишно момче обвинето за убиство откако испукало шест куршуми кон вработен во ресторан во Тексас

 

 

12- годишно момче е обвинето за убиство поради наводно пукање со автоматска пушка кон вработен во ресторанот „Соник“, во Тексас.

Проблемот започнал кога 32- годишниот Метју Дејвис, кој што бил вработен во ресторанот, забележал 20-годишен маж како уринира на паркингот. Дејвис му пришол на човекот кој вршел нужда, идентификуван како Анхел Гомез и, според извештајот, дошло до физичка пресметка.

За тоа време , 12-годишно момче кое седело во автомобилот на Гомез, се вели дека испукало шест куршуми од автоматска пушка, погодувајќи го Дејвис.

Дејвис бил однесен до најблиската болница, по што бил прогласен за мртов.

Американските медиуми пишуваат дека Гомез и момчето избегале од местото, но потоа биле уапсени и обвинети за убиство.

16.05.2023 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега