Зимата доаѓа: Во Словенија 35 сантиметри снег

 

Словенија е погодена од силно невреме кое во крајбрежјето е со силен ветер и со обилни врнежи од дожд, додека снег паѓа во планинскиот дел на земјата на височини над 1.200 метри.

Надојдените реки поплавија дел од површините, на патиштата има одрони поради што делови се затворени, а ветрот во приморскиот дел се зголеми на 120 километри на час.

Агенцијата за заштита на животната средина на Словенија издаде предупредување дека врнежите ќе продолжат и денеска, како и во текот на ноќта меѓу петок и сабота, објави „Словенске новице“.

Метеорологот Блаж Штер на социјалната мрежа Икс  објави дека невремето предизвикува големи проблеми во крајбрежјето, додека планините се покриени со обилни снежни врнежи.

За снежни услови на патиштата предупредуваат и од Информативниот центар за сообраќај. Температурата за денеска се прогнозира од два до 13 Целзиусови степени.

Во ноќта меѓу петок и сабота се очекува засилен ветер во крајбрежјето со брзина над 120 километри на час, особено во долината Випава.

 

 

04.10.2024 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега