Зима нема да видиме: Подгответе се за најтоплата новогодишна ноќ
Ако може да им се верува на прогнозите кои се однесуваат за подолг период нанапред тогаш веројатно оваа година најлудата ноќ ќе биде една од најтоплите во историјата. Врнежливото време се очекува да си замине со крајот на денешниот ден но и натаму, температурите ќе бидат реалтивно високи како за втората половина на декември.
Од понеделник се очекува разведрување кое малку ќе ја спушти температурата особено во вечерните и утринските часови кога ќе бележиме и 5 степени под нулата на посеверните точки. Но, деновите нема да бидат нешто многу студени. Во текот на целата наредна недела ќе имаме максимални дневни температури кои ќе се движат меѓу 7 и 12 степени.
Слична ќе биде и последната недела од декември и оваа 2022 година.
Температурите ќе бидат чудно високи за овој период од годината. Идниот викенд се очекуваат температури околу 10 степени во текот на денот и околу нулата наутро. Таква ќе биде целата последна недела. Постуден ден се очекува да биде претпоследниот односно петокот пред Нова Година но наоблачувањето во последниот ден од годината ќе донесе релативно топла новогодишна ноќи температури околу 7 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа