Жителите на Влае се противат на изградба на зграда од 11 ката

 

Иницијативата „Борба за Влае“ е против промена изгледот на улицата Есперанто, на која е предвидено да се гради 11-катница. В недела напладне на плоштадот Делфина во населбата, тие  ги канат на средба советниците и градоначалниците на општина Карпош и на Град Скопје.

Жителите на Влае, собрани под иницијативата „Борба за Влае“, во дописот испратен до јавноста велат дека се обидуваат да ја задржат улицата северно од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во својата моментна состојба. Загрижени се од активностите на Општина Карпош за носење нов урбанистички проект за улиците Есперанто и Ангел Динев во населбата Влае 2, токму околу основното училиште.

Овој урбанистички проект, тврдат од иницијативата, би ѝ овозможил на Општината да почне со работа на терен, без претходно изгласување на предлог-детаљниот урбанистички план (ДУП) од страна на советниците во Општината.

19.05.2023 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега