Жена удрила дете во парк, па извадила секира и нож

 

Инцидентот се случил на игралиште во Сарбрикен-Бурбах, Германија.

Според германските медиуми, додека децата си играле покрај своите родители, една жена се доближила до едно од децата и го удрила по главата. Кога татко му дотрчал да му помогне на детето, жената извадила секира и нож и почнала вербално да ги напаѓа него и неговата сопруга, а потоа се свртела и почнала да бега.

Била повикана полиција, која ја пронашла жената недалеку од игралиштето. Не сакала да ги предаде секирата и ножот се додека не и се заканиле со електрошокер.

Потоа го фрлила оружјето и била приведена.

Како што информираат од полицијата, во моментот на нападот, жената била во исклучително тешка психичка состојба и била пренесена во психијатриска болница.

Децата што во моментот на инцидентот биле на игралиштето се во шок. Детето што било нападнато од жената не е тешко повредено, пишуваат тамошните медиуми.

29.01.2024 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега