Зголемување на студентскиот оброк и редовна исплата на стипендиите, бараат студентите

 

 

Студентите на денешниот протест со средношколците побараа зголемување на субвенционираниот оброк и почитување на роковите за исплата.

„Целта на овој протест е немањето слух на владата за нашите проблеми. Бараме зголемување на субвенционираниот студентски оброк и почитување на роковите на исплата на оброкот и стипендиите, бараме подобрување на условите во студентските домови кои се катастрофални…“ рече Теодора Наумовска.

Се пожалија дека не се почитуваат рокотвите за исплата и дека стипендиите доцнеле шест месеци, а оброците по месец дена.

Бараат субвенционираниот оброк да изнесува 160 денари.

17.03.2023 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа