Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

 

Продажните цени на производителите на индустриски производи во јуни годинава се повисоки на месечно ниво за 0,8 отсто, а на годишно за 1,1 процент.

Според Државниот завод за статистика, во јуни 2024, во споредба со мај 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0,5 проценти, се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0,4 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 9,8 отсто, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети.

Во јуни 2024 во споредба со јуни 2023 година продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 14,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 0,2, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10,3 и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 1,6 проценти. 

09.08.2024 - 13:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега