Зголемена невработеност во Црна Гора, без работа останале повеќе од 40.000 луѓе - еден град најлошо поминал
Поради ситуацијата со коронавирусот многу работници и угостители во Црна Гора останаа без работа.
Само во јули бројот на вработени во Црна Гора бил намален за 4.008. Управата за статистика објавила дека во однос на јули минатата година, бројот на вработените паднал за повеќе од 41.000.
Најмногу страдале секторите за услуги, сместување и исхрана каде бројот на вработените е намален за 12.254. Во трговијата бројот на вработени е намален за 7.785, а во адмонистративните и помоќните услуги отказ добиле 6.462 луѓе.
Ако се гледа според општини, најголем пад се случил токму во туристичките места - Будва, Херцег Нови, Тиват, Жабљак...
Така во Будва дошло до пад на вработените за дури 35,5 отсто, Херцег Нови и Тиват по 29 отсто, Жабљак 25 отсто, додека единствена општина со најголем раст на вработени била Плав.
При намалувањето на рбојот на вработени, намален бил и фондот на заработка. Најголемо намалување на фондот на заработка имале Будва со 34,8 отсто, Тиват од 31,3 отсто и Херцег Нови од 29,1 отсто.
Намалувањето на бројот на туристи за 84,2 отсто, ја намалило и малопродажбата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа