Зголемен водостојот на реките Вардар и Црн Дрим

 

 Повисоко ниво на водостојот во однос на просекот за февруари денеска имаат реките Црн Дрим кај Ложани и Вардар кај Јегуновце, Скопје и Велес. 

Според дневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), намалување под февруарскиот просек имаат реките Сатеска кај селото Ботун, Црна Река кај Новаци и во близина на Расимбеговиот Мост, реката Струмица кај Ново Село, реката Брегалница кај Берово и Штип, Крива Река кај Крива Паланка, Пчиња кај Пелинце...

Нивото на Дојранското Езеро е минимално зголемено во однос на просекот за февруари, додека нивото на Охридското Езеро е во рамки на просекот. Намалување на нивото на водата има на Преспанското Езеро.

10.02.2023 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега