Земјотрес повторно ја стресе Македонија - граѓаните испаничија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,мна сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево 31.03.2023 година регистрираше земјотрес 65 km југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе - Штип.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 16 часот и 07 минути со Рихтерова локална магнитуда M L 2.0 и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа