Земјотрес ноќеска стресе дел од Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во 23 часот и 37 минути во југозападниот дел од земјава, во Дебар и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 127 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2

28.02.2024 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега