Земјотрес ја стресе Македонија

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 30.03.2023 година регистрираше земјотрес 71 km источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе - Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи утринава во 16 часот и 21 минути со Рихтерова локална магнитуда M L 2.5 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.

30.03.2023 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа