Земјотрес ја погоди Албанија

 


Земјотрес со интензитет од 3,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес, вторник, 8 јули 2025 година, во 18:53 часот, во северна Албанија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати 42,41 географска ширина и 20,1 географска должина.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.

Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

08.07.2025 - 19:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега