Земјотрес го стресе западот од Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 08.02.2024 година во 6 часот и 32 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката и тоа во Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

08.02.2024 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега