Зеленски: Украина ќе одговори на руските напади во Црното Море

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Украина ќе се бори против Русија во Црното Море, за да гарантира дека нејзините води не се блокирани и дека земјата може да увезува и извезува жито и други стоки.

„Ако Русија продолжи да доминира на Црното Море, надвор од нејзината територија, повторно да нè блокира или гранатира, да лансира ракети кон нашите пристаништа, Украина ќе го стори истото. Ова е фер заштита на нашите способности, на секој коридор. Ние не располагаме со толку многу бродови. Меѓутоа, (Русите) мора јасно да разберат дека до крајот на војната ќе имаат нула бродови, нула“, рече Зеленски на видео објавено на веб-страницата на украинското претседателство.

На брифингот со новинарите од земјите од Латинска Америка, Зеленски ја повика Русија да прекине да истрелува ракети и беспилотни летала кон украинските пристаништа и да дозволи трговија. Не е јасно кога се одржал овој брифинг во неговата канцеларија во Киев.

Русија ги блокираше украинските пристаништа на Црното Море на почетокот на нејзината инвазија на земјата во февруари 2022 година. Блокадата економски ја задушува Украина, бидејќи пред војната нејзината економија главно се базираше на извоз, главно челик и жито.

08.08.2023 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега