Зеленски си призна: Борбите на фронтот се тешки
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето редовно ноќно обраќање до нацијата изјави дека руските војници со сите сили се обидуваат да ги запрат одбранбените сили на Украина, но дека украинските бранители доминираат.
-Нападите се многу силни. Во правец на Купјанск, Лиман, Бахмут, Маринка, Авдејевка. Јужниот правец. Секаде е тешко. Но, што и да прави непријателот, украинската сила е таа што доминира, рече Зеленски во видео-обраќањето, пренесено од агенцијата Униан.
Тој додаде дека Украина договара да добие повеќе системи за противвоздушна одбрана и дека тоа е задача на секој нејзин амбасадор и претставник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа