Зеленски: Наредните шест месеци ќе бидат решавачки за војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека следните шест месеци војна со Русија ќе бидат „одлучувачки“.

Во видео обраќањето до Европскиот совет, Зеленски рече: „Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки во многу аспекти на конфронтацијата што Русија ја започна со својата агресија“. Тој додаде дека „агресијата против Украина е исто така агресија врз секоја земја од ЕУ, бидејќи крајната цел на Русија е многу подалеку од нашата граница и украинскиот суверенитет“.

„Следните шест месеци од нас ќе бараат многу повеќе, значително поголеми напори од оние што ги вложивме во изминатиот период“, рече Зеленски, додавајќи дека „руските напади врз украинската енергетска инфраструктура мора да запрат“.

„Потребно ни е помодерно оружје, односно многу поголема понуда“, рече Зеленски, кој го коментираше и неодамнешното ослободување на градот Херсон: „Тој потег му покажа на светот дека нашата заедничка одбрана не е нешто случајно, туку нашата сила и дека ништо не може да нѐ запре“.

 

15.12.2022 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега