Зеленски контра Трамп: Нашиот проблем не се решава за еден ден

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не сака да склучува нови договори и ја отфрли идејата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека конфликтот во Украина може да се реши за ден или два. Во интервју за „Фокс њуз“ во четвртокот, Зеленски беше прашан за ветувањето на републиканскиот претседателски фаворит и одговори дека „не може да разбере како“ Трамп ќе ја постигне таквата цел.

„Тој не може да го реши овој проблем, оваа трагедија“, рече тој, повторувајќи ја својата покана до Трамп да ја посети линијата на фронтот.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека не сака да склучува нови договори, слични на Минск. Тој, исто така, ја отфрли идејата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека конфликтот во Украина може да се реши за ден или два.

„Не сакаме да ги повториме договорите од Минск. Не веруваме во нови замрзнати конфликти. Станува збор за безбедноста на Украина“, вели тој.

Според Зеленски, Путин нема да ја сопре војната.

Договорот од Минск значеше примирје помеѓу Украина и Русија, по руското анектирање на Крим и тензиите во источниот дел на Украина во 2014 година.

Зеленски ги демантираше гласините дека официјално му било предложено на Киев да отстапи дел од територијата во замена за членство во ЕУ и НАТО и ги нарече шпекулации.

„Немало такви официјални предлози“, рече тој.

Според него, на вооружените сили на Украина им недостига муниција, а Русија има предност во воздушните сили. Сепак, не признае дека Украина е во безизлезна ситуација и повторно побара од Западот да и достави на Украина оружје со долг дострел.

23.02.2024 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега