Зеленски ги отпушти шефовите на сите регионални центри за регрутација
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека ги отпушта шефовите на сите регионални центри за регрутација поради загриженост за корупција.
„Системот треба да го водат луѓе кои точно знаат што е војна и зошто цинизмот и поткупот за време на војна се предавство“, напиша Зеленски на својот профил на Телеграм, пренесува Ројтерс.
Како што најави, за спроведување на оваа одлука ќе биде задолжен врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни.
11.08.2023 - 18:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа