Зеленски: Американските тенкови Абрамс пристигнаа во Украина
Американските тенкови Абрамс пристигнаа во Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Добри вести од министерот (за одбрана Рустем) Умеров. Тенковите Абрамс се веќе во Украина и се подготвуваат да ги зајакнат нашите единици“, објави Зеленски на својот канал на Телеграм.
Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела изјави дека првите американски тенкови Абрамс ќе и бидат доставени на Украина оваа недела.
Украинскиот претседател минатата недела соопшти дека Украина заедно со САД ќе произведува оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа