Зел пари за да опожари возило, уапсени две лица

 

Вчера, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода В. Б. (34) и Д. М. (22) од Прилеп поради основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

Имено, на 19.12.2023, на улицата Кире Базерко во Прилеп, на барање на В. Б., Д.М. со запалива течност предизвикал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б. М. (50) од Прилеп, за што добил пари од В. Б..

Со двајцата лишени од слобода извршени се службени разговори во полициска станица, при што тие го признале делото.

Денеска, до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 – предизвикување општа опасност – од Кривичниот законик.

21.12.2023 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега