Зечевиќ со честитка до сите кои денеска го празнуваат Божиќ

 
 
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, упати честитка до верниците од католичка вероисповед и до сите македонски верници кои денеска го празнуваат христијанскиот празник -Рождеството Христово – Божиќ.
 
„Христовата светлина нека ги осветли Вашите домови. Ви посакувам празничните денови да ги минете во пријатна атмосфера, исполнети со љубов, семеен спокој и добро здравје. Како што со раѓањето Бог создал човекољубов дух за зближување, нов почеток и нова надеж, во духот на христијанските вредности да придонесеме во зацврстување на заедништвото меѓу народот, за меѓусебно помагање како наши вековни обележја. Нека е за многу години Божиќ! Христос се роди” стои во честитката на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.
25.12.2022 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега