Здружението на историчарите за учебникот по Историја за V одделение: „Доколку се употребува, ќе нанесе непроценлива штета“
Како професионални историчари и членови на Здружението на историчарите на Република Македонија реагираме по повод објавувањето на учебникот по предметот Историја и општество за V одделение од авторките Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, во кој се направени редица пропусти, и во содржинска и во концепциска смисла, и се наведени повеќе погрешни информации, реагираат од Здружението на историчари на Македонија.
„Поради тоа сметаме дека доколку овој учебник се употребува во наставата, ќе му нанесе непроценлива штета на воспитно-образовниот процес и ќе влијае негативно врз развојот на учениците. Недозволиво е во XXI век, учениците да ги добиваат своите први сознанија, меѓу другото и од областа на историјата, од учебник што изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации“, потенцираат во соопштението.
„Во нашата реакција, изнесуваме само неколку од многуте недостатоци во наставната тема број 3 во учебникот насловена како „Праисторија и историја“. Напоменуваме дека ова се само дел од забелешките кои ќе бидат интегрирани во опсежната критичка анализа која ја подготвува Здружението на историчари на Република Македонија и која во најскоро време ќе ја достави до Министерството за образование и наука, со барање да го повлече учебникот од употреба“, се подвлекува во напишаното.
Истото, како што велат, се однесува и на Концепцијата за основно образование, чијшто продукт е самиот учебник, кој е заснован на новата наставна програма.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа