Заврши еден од најдолгите бракови во фудбалскиот свет

Според британскиот таблоид “Сан“, заврши бракот меѓу Пол Сколс и Клер Сколс, брак кој важеше за еден од најстабилните и најдолговечни во фудбалскиот свет. Имено тие беа во брак в дури 21 години, а во врска 27, но сега веќе е крај, не живеат заедно и почната е бракоразводната постапка.

Клер го напуштила семејниот дом и не сакала да му се врати на Пол. Инаку тие ја почнале врската уште кога имале по 18 години.

Пол и Клер имаат три деца, а кога сме кај Пол Сколс да кажеме дека легендарниот играч за врска целата своја кариера ја мина во Манчестер Јунајтед, каде беше дел од онаа славна генерација предводена од Сер Алекс Фергусон кој просто ги „тероризираше“ своите ривали во Премиер лигата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега