Завршени општи претреси за неколку закони


Пратениците денеска, во рамки на трите закажани седници, 131, 138. и 145. , ги завршија општи претреси на неколку закони.

Гласањето по овие точки, како што информира потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, ќе биде дополнително закажано.

Завршени беа општите претреси по Предлог-законот за изменување на Законот за издавање обврзници на Република Северна Македонија за денационализација кој беше ставен на 131.

седница,  Предлог-законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта кој беше дел од 138. седница, како и дополнетиот Предлог-закон за изменување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, кои беа во рамки на дневниот ред на 145 седница. Сите предлог-закони треба да се донесат по скратена постапка. 

26.03.2024 - 13:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега