Застрелан соработникот на Трамп во Вашингтон додека во кола ја чекал сопругата од работа
Мајк Гил, член на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е во критична состојба откако беше застрелан во Вашингтон.
Нападот се случил околу 17:45 часот во понеделникот по локално време, а напаѓачот потоа убил едно лице додека се обидувал да украде друго возило.
Според американските медиуми, Гил, кој е татко на три деца, бил застрелан додека чекал да ја земе сопругата. Тој бил во возилото кога се пукало.
Соработникот на Трамп успеал да излезе од автомобилот ранет, а потоа колабирал.
Гил служел како главен оперативен директор на Комисијата за трговија на Доналд Трамп во Белата куќа.
Полицијата успеала да го ликвидира напаѓачот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа