Запознајте го Ване – првото бебе родено во 2023-та година во Македонија
Првото бебе во 2023 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00:01 часот. Бебето го добило имато Ване.
Бебето е од машки пол, тешко е 3720 грама, долго е 51 сантиметар и е родено со Апгар 8/9.Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете.
Министрите за здравство Беким Сали и за труд и социјална политика Јована Тренчевска изутрина го посетија првото бебе и му подарија златник, а на родителите им честитаа за првата рожба.
Директорката на ГАК Викторија Јовановска соопшти дека породувањето за првото бебе е направено со царски рез.
-Една минута после 12 се породи пацинетка и донесе на свет живо и здраво мако детенце, тешко 3.720 грама со 51 сантиметар. Мајката е првородка со повеќе ризици препратена тука од Кочани на клиника и е завршена со царски рез. После 12 часот се родија уште три бебиња и имаме две машки и две женски, изјави Јовановска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа