Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка: Одбивам да бидам роб на Данела, Сарај и екипата
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка. Вели дека на ваков чекор се решил бидејќи Град Скопје станал заложник на ДУИ.
Александар Трајановски пред советот на градот рече дека со соочувал со мобинг и невиден притисок од градоначалничката која според него работела исклучиво во интерес на Сарај.
„Не сакам да бидам заменик градоначалник само на Сарај“ – рече Трајановски.
Тој на позицијата во Град Скопје дојде од листата на ВМРО-ДПМНЕ но се оддели со ГРОМ на Стевчо Јакимовски и работеше како противник на политиките на ВМРО-ДПМНЕ во градскиот совет.
27.02.2025 - 12:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа