Захарова до Сикорски: Ракетите можат да стигнат до Полска

 

Министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски ги повика западните сојузници да му дадат на Киев ракети со долг дострел и да ги зголемат санкциите против Русија и имам едно прашање до него, напиша на Телеграм портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, која потоа предупредувајќи праша:

„Овие ракети имаат способност да летаат до границите на Полска? Малку им беше она што веќе долета од територијата на Украина? Новогодишните желби мора да се остварат“, додаде таа понатаму и на тој начин одговори на една од последните објави на споменатиот полски министер на мрежата „Х“.

Да потсетиме, тој денеска побара на Киев да му се обезбедат ракети со долг дострел за да се гаѓаат руски командни центри и ракетни силоси на територијата на Руската Федерација.

– Разбирам дека Сикорски нема исклучителни идеи, само американски. Но, не знаев дека тоа оди до тој степен што тие се спремни да тргнат против сопствената држава. Иако, големо прашање е која земја тој ја смета за своја – заклучи Захарова.

03.01.2024 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега