Загина градежен работник од Куманово

 


Синоќа, во Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека околу 12 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ч. В. (63) од Куманово, кој во 22 часот починал.

„Според пријавеното, тој добил повреди при извршување градежни работи на подрачјето на Чаир. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција“, велат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

01.03.2024 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега