Загина баба - возач ја удрил со автомобил, па веднаш избегал
Во СВР Скопје вчера во 17.25 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во населеното место Марино, скопско, патничко возило „Хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (46) од населба Илинден, скопско, удрило во пешакот В.Н.(78) од Марино, а потоа со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата од здобиените тешки телесни повреди на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Полициски службеници од Полициското одделение Петровец по преземени мерки го пронашле возачот и сопственикот на патничкото возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа