Заев: Здравјето на граѓаните е пред сè, дониравме апарат за дијагностика од областа на урологијата
Фондацијата „Заев-едно општество за сите“, која ја раководи поранешниот премиер Зоран Заев, донираше апарат за дијагностика од областа на урологијата за ЈЗУ „Општа болница“- Струмица.
Како што објавија од Фондацијата, еден од најважните фундаменти од постоењето и дејствувањето е унапредувањето на јавното задравје.
-Станува збор за исклучително важен дијагностички апарат кој ќе значи многу за струмичките уролози од оваа институција, а пред се за граѓаните кои се соочуваат со уролошки проблеми и заболувања, информираа од Фондацијата „Заев-едно општество за сите“.
Додаваат дека здравјето на граѓаните е пред се и затоа унапредувањето на јавното здравје и понатаму ќе биде еден од приоритетите на Фондацијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа