Заев за Танјуг: Во моментот губиме милијарда евра чекајќи на границите

 Кога ќе ја напуштам мојата Струмица, и додека не стигнам во Белград, Горњи Милановац или Нови Сад, патарините ќе ми бидат пониски за пет отсто, можеби дури и за 10 отсто и тоа ќе важи за сите Македонци, Срби и Албанци. Хотелите исто така ќе понудат 10 отсто попуст за сместување и за рестораните за граѓаните од „Отворен Балкан“,изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Танјуг.

 -Губиме една милијарда евра чекајќи на границите. Нашите безбедносни системи и Министерствата за внатрешни работи имаат одлична соработка и споделуваат работи за евентуална борба против криминалот и корупцијата. Заедно ќе инвестираме во веројатно најголемата фотоволтаична централа од околу 700 мегавати, изјави Заев.

Нагласи дека мора да се работи на меѓудржавните врски, како и на врските на нашите економии, комори, уметниците од сите области.

-Мислам дека ќе постигнеме голем успех за сите граѓани. Европа работи со нас и ни помага, но додека ја чекаме Европа, можеме да се европеизираме – Србија да ги отвори првите кластери преку кои ќе затвори многу од нејзините поглавја, како и додека Црна Гора е на тој пат, потоа Албанија и ние додека чекаме да го добиеме кандидатскиот статус. Тоа е нешто што ние го чекаме 16,5 години, кажа Заев.

Како што рече, со истите размислувања зборува со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија, Еди Рама.

01.08.2021 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега