Заев и Хоџа на средба со оризопроизводителите: Владата ќе излезе во пресрет за да се изнајде решение
Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска во Владата се сретнаа со претставници на оризопроизводителите од кочанскиот регион, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.
Средбата, како што соопшти владината прес-служба, беше искористена за разговори и договори за димензионирање на конкретни решенија, кои ќе бидат поволни за оризопроизводителите и откупувачите на ориз, за што поуспешен пласман на овогодинешната реколта на оризова арпа и ориз.
По консултациите и разговорите, премиерот Заев нагласи дека Владата ќе излезе во пресрет, со цел изнаоѓање на најдобри решенија за исполнување на барањата на оризопроизводителите.
Од премиерот Заев и ресорниот министер Хоџа беа изнесени предлог-решенија, кои беа прифатливи за претставниците на оризопроизводителите и во наредните неколку дена ќе бидат интензивирани комуникациите со откупувачите на ориз и оризова арпа за соодветно исполнување и спроведување на предложените решенија.
Претставниците на оризопроизводителите изразија задоволство од предложените решенија и истакнаа дека ќе упатат апел до откупувачите да бидат коректни во разговорите со министерот Хоџа со цел изнаоѓање на најповолно решение за сите страни, стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа