Забрчанец: Општините не украсуваат за Нова Година поради инат и налудничави идеи

 
Укинувањето или кратењето на новогодишното украсување во македонските градови и општини е целосно неодговорен чекор од која и да е локална власт, смета Марјан Забрчанец, а ставот го пренесе на својот „Фејсбук“ профил.
 
„Да се штеди на новогодишните сијалички, украси и елки значи да им се ускрати радоста и празничната топлина и убавина на сите деца и сите граѓани од нашите општини.
Тие што кратат на украсувањето на плоштадите и булеварите, на своите граѓани им носат мрак и темнина, наместо новогодишна светлина. Таквите потези ги прават граѓаните помалку среќни, а не се ниту популарни - не носат гласови. Тоа се потези направени од безидејност, од хир, од инат, од налудничавите идеи дека во мрак се владее подобро со народот“, пишува Забрчанец.
 
 
Во име на радоста која ја носат празниците и дружбите меѓу луѓето, да се спротивставиме на овие декадентни “уживања” во мракот и темнините и да излеземе поголеми и понапредни од македонскиот синдром “Тешкото” за кој треба да се учи во историските читанки, а не да се практикува во денешницата, додава Забрчанец во постот на ФБ.

12.12.2022 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега