За помалку од два месеци компанијата „Sony“ продал 4,5 конзоли PlayStation 5

 

Компанијата Sony објави податоци кои покажуваат дека во 2020-та година ширум светот се продадени 4,5 милиони примероци од најновата генерација на нивната гејминг конзола PlayStation.

Овие бројки укажуваат на тоа дека во моментов се одвива масовно производство на конзолата која е многу тешко да се купи откако беше пуштена во продажба во ноември минатата година.

Побарувачката за PlayStation 4 конзолата во меѓувреме драматично опадна и во периодот од октомври до декември се продадени 1,4 милиони конзоли, односно пад од дури 77% во однос на истиот период 2019-та година.

Приходот на компанијата е зголемен за 40% на 8,4 милијарди долари, делумно поради огромната побарувачка на PlayStation 5 конзолата. Оперативниот профит е зголемен за 50% и изнесува 763,3 милиони долари поради зголемената продажба на игри, PlayStation Plus претплатата и продажбата на конзолата PlayStation 4.

Microsoft и натаму ги нема објавено податоците за продажбата на нивните нови конзоли Xbox Series X и Series S, но од американската компанија открија дека приходот е до 86% во однос на истиот период минатата година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2021 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа