За четири години Владата го задолжила секој Македонец за 1.600 евра

 

Државниот завод за ревизија информира дека јавниот долг го надмина нивото од 60% од бруто домашниот производ. Во последниот ревизорски извештај, ДЗР наведува дека во услови на ковид пандемијата долгот е зголемен за дури 15 процентни поени.

Според податоците кои се објавени, во периодот од 2017 година до средината на минатата година долгот се зголемил за 2,5 милијарди евра. На крајот од 2017 година земјава должела нешто помалку од 3,9 милијарди евра а на средината од минатата година долгот изнесувал 6,4 милијарди што значи дека за 4 години долгот се зголемил за повеќе од 60%.

Според податоците кои во моментов можат да се најдат на веб сајтот на Министерството за финансии, долгот продолжува да расте па така од оние 6,4 милијарди евра на крајот од јуни минатата година, јавниот долг во последниот квартал од минатата година скокнал на 7,1 милијарди евра што е речи си 61% од бруто домашниот производ. Пресметките покажуваат дека во оваа ситуација секој еден граѓанин на Македонија должи по околу 3.500 евра.

Преку анализа на фискалната политика и портфолиото на долгот утврдивме дека 75% од вкупниот јавен долг, односно 88% од државниот долг е со намена за финансирање на буџетскиот дефицитот каде се проектирани повисоки расходи од приходи, а изворите за финансирање се преку задолжување од домашни и странски. извори што има големо влијание врз создавањето, цената, одржливоста и управувањето со јавниот долг.

Отсуство на клучни процеси во управувањето со јавните инвестиции влијае на зголемување на цената на проектите, а со тоа и на ефикасно управување со јавниот долг, се наведува во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија.

16.02.2022 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега