Вујчиќ за МИА: Темелот за успешноста на преговорите со ЕУ е политичкиот консензус

 

Темелот за успешноста на преговорите со Европската Унија е политичкиот консензус, вели во интервју за МИА Борис Вујчиќ, гувернер на Хрватската национална банка и поранешен заменик-главен преговарач на Хрватска со ЕУ.

-Ние од самиот почеток се обидовме тој политички консензус да го имаме на начин што сите делови на општеството беа активно вклучени, политички – и позицијата и опозицијата, низ надзорниот механизам на прегворите, којшто беше парламентарен, а исто така на почетокот беа вклучени и претприемачи – здружението на претприемачи, синдикати, и делови на граѓанското општество кои требаа да дадат поддршка за тој процес.

Вујчиќ за МИА нагласува дека е многу е важно од самиот почеток сите чинители да бидат вклучени во целост, со цел, доколку дојде до промена на власта, бидејќи преговорите траат подолго време, да не дојде до забавување на тој процес. 

Целото интервју заедно со видео-материјалот ќе биде објавено утре.

22.07.2023 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега