Вучиќ за професор Мика: Како татко на женско дете, можам да кажам дека не постои нешто поодвратно

Српскиот претседател Александар Вучиќ го искоментира актуелниот случај за професорот по глума, Мирослав Алексиќ кој е обвинет од страна на повеќе глумици за сексуално злоставување.

„Државата направи се што можеше, мислам дека и жртвите тоа го истакнаа“, рече Вучиќ.

Како што додаде тој, понатаму не би можел многу да коментира.

„Не гледам дека би имал право било што да коментирам и заради пресумпција на невиност. Но, како татко на женско дете можам да кажам дека не постои ништо поодвратно од такво дело. Се друго што би рекол некој би можел да го пренесе погрешно, дека се мешам во судската постапка“, рекол Вучиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа