Вучиќ: Се надевам, но не сум сигурен дека ќе има решение за Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева, но не е сигурен дека ќе се најде решение за тргање на бугарското вето и деблокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија.

– Разговарав утрово со премиерот Димитар Ковачевски и се надевам, но не сум сигурен, рече Вучиќ во изјава за новинарите во Брисел пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Валкан.

Прашан дали за него е прифатлива билатертилација на процесот на пристапување во ЕУ како што бара Бугарија, Вучиќ одговори дека истото му е направено и на Белград со Приштина со поглавјето 35.

– Не можам да кажам дека господинот Ковачевски е среќен, ќе видиме што ќе се случим додаде Вучиќ.

За односот на Белград кон Скопје, Вучиќ рече дека Северна Македонија за Србија е братска и пријателска земја.

– Се што чувствувате вие во Скопје, чувстуваме и ние во Белград. Ние ништо не очекуваме од вас. Очекуваме да ги развиваме пријателските и братски односи и верувам дека секогаш и на европскиот и на сите други патиша ќе бидеме заедно, додаде Вучиќ. 

23.06.2022 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега