Вучиќ: Очекувам браќата Македонци вечерва да навиваат за Србија

Очекувам и браќата Македонци, односно најголемиот дел на Македонија да навива за Србија, како што ние навивавме за нив на Европското првенство, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ,

Вечерва српската фудбалска репрезентација го почнува настапот на Светското првенство во Катар со дуелот со Бразил.

Вучич смета дека покрај во Македонија, за Србија ќе се навива и во Република Српска, Црна Гора и Косово.

На кратко ќе бидам со нашите војници вечерва, кои поминаа низ тешко време во изминатите недели, а потоа ќе се тргнам, за да не бидам малер, рече Вучиќ.

24.11.2022 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега