Вучиќ: Мислам се најлошо за Северина, но ова на границата беше глупаво
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во дневникот на телевизијата Пинк зборуваше за приведувањето на Северина на граница.
„Сега ќе ве изненадам со тоа што ќе кажам. Му се јавив на Дачиќ утрово, го разбудив, да видам што се случува со Северина. Ми рече така е и така е и тој ми кажа дека не била приведена, ја држеле два часа на граница. Мислам дека е многу глупаво и непотребно. Не поради Северина, за која мислам се најлошо.
Ние мора да се разликуваме од нив во сè. Не дај боже да водам држава во која го апсат секој што ги слуша песните на Томпсон. Пуштете ги сите. Тоа што ја мразат Србија зборува за нив“, рече Вучиќ.
Тој рече дека во следните денови ќе ги „укине списоците“.
„Денес во Србија нема никој што не реагирал од политичките партии и таканаречената демократска јавност. Затоа што има некоја пејачка која вели дека Србија е геноцидна земја и дека јас сум диктатор и која знае дека Србите се криминалци, но сака овде да зема пари“, изјави Вучиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа