Втора фаза од реконструкција на улица 50 во Шуто Оризари

Град Скопје продолжува со втора фаза од градежните работи на улица 50 во Шуто Оризари, реконструкција која е од витално значење за жителите на оваа општина и со која се решаваат долгогодишни проблеми во овој дел од градот. Со реконструкцијата на оваа улица, како и со претходно завршените реконструкции на улиците 18, 38 и 40 се зголемува квалитетот на патната инфраструктура и значително се подобруваат условите за жителите во Шуто Оризари, соопштија од Град Скопје.

Оттаму информираат дека реконструкцијата ја изведуваат екипите на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје, а главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, за сите нашите сограѓани кои заслужуваат подобри услови за живот. Град Скопје продолжува и со реализација на инфраструктурни проекти за соодветна водоводна и канализациона мрежа, со цел реализација на проектите од програмата кои се барање од жителите на општината.

04.11.2023 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега