Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд
Променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.
На повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час) што ќе допринесе температурите да бидат во значителен пораст. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање, а промена на времето ќе има во сабота. Под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и температурите значително ќе опаднат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа