Времето претежно стабилно, во вторник пороен дожд и грмежи

 

Продолжува периодот на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер, информира УХМР.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.

Според УХМР, во вторник во попладневните часови ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен благ пораст. 

12.08.2023 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега