Времето денеска: Сончево со температура до 38 степени

 

 

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. UV=8

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 36 степени, информираат од УХМР.

Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, која од четврток до недела во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени.

17.08.2023 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега