Времето денеска: Сончево со мала до умерена облачност

 

 

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До сабота претпладне ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во петок и сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на утринската и дневната температура. Во сабота попладне и во недела претежно во западните делови од земјата ќе има појава на повремен дожд, наместа пороен и со појава на ретки грмежи.

19.10.2023 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега