Вратете го во продавница или не го јадете: Овој производ е небезбеден и се повлекува од продажба

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се повлекува од продажба небезбеден производ – сурови горчливи семки од кајсија поради присуство на цијановодородна киселина.

Сурови горчливи семки од кајсија на производителот „Менехопулос“ од Солун чиј увозник и дистрибутер е „Зото трејд“ од село Штука, општина Босилово се небезбедни за употреба и се повлекуваат од продажба, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.

Сериски број/лот: LL0131G1001 и LL0131G1002

Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот и рок на употреба, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.

16.02.2024 - 23:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега