(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Дедо буквално ја претепува својата сопруга на тераса – соседот го фатил грозниот чин на камера
75-годишен пензионер со иницијали Ј.К. заврши зад решетки, под сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство оти ја претепал својата 68-годишна сопруга на тераса во семејниот стан. Полицијата во Ваљево (Србија) го уапсила во текот на вчерашниот ден.
Соседот кој го снимил грозниот чин на камера, повикал полиција. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како дедото ја удира сопругата која лежи на земја на терасата беспомошно.
Осомничениот маж е уапсен, а жената е испратена во Ургентниот центар на болницата во Ваљево за да се утврди степенот на повредите кои ги добила од сопругот. Јавноста е згрозена од оваа снимка и чинот на 75-годишниот маж.
Valjevo! pic.twitter.com/oE9S8JUzwT
— Pluton (@Pluton45873221) September 2, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа